ДИК треба да покрене постапка за разликите во потписите на кандидатите за пратеници!

Државната изборна комисија има право да покрене постапка, ако утврди дека потписите на предложените кандидати за пратеници не се совпаѓаат, потенцира правниот експерт на ЦИВИЛ - Центар за слобода, Сандра Гавриловска.

Откако вчера, ДИК донесе одлука да ги отфрли и кандидатските листи за пратеници на Народното движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев, бидејќи биле утврдени бројни неправилности во листите, како несовпаѓање на потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурите, односно на листите на предложените кандидати и на промената на кандидати, правниот експерт на ЦИВИЛ - Центар за слобода, адвокатката Сандра Гавриловска, изјави за ЦИВИЛ Медиа дека ДИК има и право да покрене постапка.

dsc_0278-470x246-1

Сандра Гавриловска, правен експерт на ЦИВИЛ

„Веродостојноста на потписите се утврдува со графолошко вештачење. Пријава за фалсификување може да поднесе лицето чиј потпис е фалсификуван, а исто така, може и ДИК да поднесе пријава, а потоа Обвинителството може да ја продолжи постапката“, изјави Гавриловска за ЦИВИЛ Медиа.

ДИК претходно ги отфрли и листите на Социјалдемократска партија на Македонија на Македонија - СДПМ на Бранко Јаневски, која, и на овие избори како и на претходните, се обиде да ги доведе до конфузија гласачите, со кандидати за пратеници со исти или слични имиња со носителите на СДСМ.ќ

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email