Ана Павловска Данева: Преседан и кршење на Уставот и собранискиот деловник

Денешната постапка на претседателот на Собранието, или неговата одлука да не постапи согласно Деловникот за работа на Собранието и согласно Уставот на Република Македонија, е надвор од сите правни правила во државата, оценува проф. д-р Ана Павловска Данева. Според неа ова не е прв пат бидејќи во Република Македонија имало бројни случаи кога врз основа на политички договор, или популарно наречено политички дијалог, помеѓу двете најголеми политички партии, онаа на власта и онаа на опозицијата, честопати се занемарувало или се дерогирало правото и се давало приоритет на политиката, додава таа.

„Да не се констатираат оставки на првата седница на Собранието, а веќе однапред дадени и потпишани од страна на пратениците на СДСМ и коалицијата, е преседан и е всушност неправо. Тоа е спротивно и на Уставот и на Деловникот за работа на Собранието. Фактот што претседателот Трајко Вељаноски се одлучил на ваков чекор не може никако да биде оправдување дека тоа е за доброто на Македонија, евентуални подобрувања на состојбите и тн. Ништо, ама буквално ништо, не може да се стави над Законот и над Уставот. Ова само говори за моја претпоставка, со голема доза на веројатност, дека станува збор за политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, најверојатно повторно со посредство на меѓународната заедницата или со посредство на нејзини преставници, и дека двете партии и претставниците на меѓународната заедница се договорени повторно да се прекрши Уставот и Закнот, најверојатно за подобрување на политичката состојба во државата или надминување на политичката криза“, вели Павловска Данева.

Во прилог можете да ја слушнете целосната изјава на проф. д-р Ана Павловска Данева.

Џелал Хоџиќ
Петар Стојковиќ

Print Friendly, PDF & Email