Јавното обвинителство не реагирало на ниту еден пријавен случај на говор на омраза од 2014 година!

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните зедници“, денеска го промовираше Годишниот извештај за состојбата на маргинализраните заедници во Македонија, од аспект на нивните сексуални и здравствени права.

Извештајот го промовираа Жарко Трајаноски, автор на извештајот и консултант за човекови права, Наташа Бошкова, правна застапничка на Коалицијата и Драгана Дрндаревска, асистентка при изготвувањето на Извештајот.

Во извештајот се наведени неколку случаи на повреда на правата на маргинализираните заедници: индиции за повеќекратни повреди на здравствените права на пациенти во Метадонскиот центар во Велес, криминализација и негативни претставувања на сексуалните работници во ТВ-емисија, системско прекршување на правото на приватност и правото на заштита од дискриминација на транс-лицата, како и критика до Јавното обвинителство кое уште нема реагирано на ниту еден пријавен случај на говор на омраза од 2014 година.

Трендот на неказнување на физичко насилство, мотивирано од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, продолжи и во 2015 година. За ЛГБТИ активистите кампањата на Владата за  за уставно дефинирање на бракот е поттикнување на  дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и една од причините за ваквиот негативен тренд.

Коалицијата посочи и на дискриминаторските училишни помагала во кои хомосексуалноста е опишана како неприродна, нездрава и како еден од факторите кои го загрозуваат опстанокот на човечкиот вид.

Во извештајот се потенцира и начинот на кој се избра новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, каде има членови кои јавно потикнувале говор на омраза и отворено застапувале хомофобни ставови.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian