Поранешни студенти на Иванов бараат тој да поднесе оставка!

Поранешните студенти на професорот Ѓорге Иванов, бараат тој да поднесе оставка од функцијата претседател!

Како што се наведува во петицијата која ја потпишуваат поранешните студенти, причина за ваквиот потег е последната негова одлука. “Ова наше барање е израз на разочарувањето кое го предизвика вчерашната одлука на Иванов, со општ акт да ги прекине на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата”, стои во петицијата.

Неговите студенти се разочарани од неговата одлука и сметаат дека “професорот кој своето прво предавање на првиот час за сите студенти на политички науки традиционално го започнуваше со реченицата: ‘Разликата меѓу политолог и политичар е како меѓу криминолог и криминалец’, со одлуката за аболиција, за жал, покажа дека тој, всушност,никогаш не ја направил таа разлика.”

Сите кои сакаат да изразат поддршка кон оваа петиција, и на тој начин да побараат оставка можат да се потпишат на овој линк

Print Friendly, PDF & Email