Медиумите во април објавуваа содржини за проектот „Општество без граници“

Активностите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во текот на април, постојано беа следени и објавувани од и од традиционалните, национални медиуми и од Интернет медиумите. Посетите кои тимовите на ЦИВИЛ ги остварија во неколку градови низ Македонија беа проследени од локалните и од регионалните телевизии од тие градови, а ниту радио-станиците не останаа глуви за тоа што ЦИВИЛ имаше да го каже за човековите права и слободи, за социјалната правда и работничките права, за животната средина, како и за референдумското изјаснување на граѓан(к)ите на локално ниво, се вели во извештајот за медиумската застапеност, објавен на организацискиот сајт на ЦИВИЛ.

На почетокот на месецот, ЦИВИЛ објави соопштение „Крик до јавноста“. Пораката која се испраќа, а се однесува на парализираното Собрание и на нефункционална администрација, наиде на голем интерес особено кај медиумите кои објавуваат содржини на албански јазик. Alb Portali, Portalb, Lajmpress, Flaka, Almakos, Botasot, Telegrafi, Gazetaexpress...

Формуларот за пријавување на политички притисок, мобинг или дискриминација на ЦИВИЛ беше пренесен на повеќе Интернет портали како што се Мета, Плусинфо, А1 он, Либертас, Фокус, како и во дневниот весник Слободен печат.

Како дел од проектот „РЕТРОактива“ што претставува заеднички напор на повеќе организации да направат ретроспектива на граѓанскиот активизам и отпорот во постјугословенскиот регион, во периодот 1980-2016 година, дел од тимот на ЦИВИЛ беше во Загреб, Хрватска на регионалната, мултимедијална изложба „Отпор, движење, промени: Фрагменти од уметничките и активистичките практики од крајот на осумдесеттите до денес“.  Настанот предизвика голем интерес во хрватските медиуми како што се H-Alter, HRT, UdrugaIKS...

ЦИВИЛ во април започна со реализација на проектот „Општество без граници“ со поддршка на германската Фондација Хајнрих Бел. Главна цел на акцијата е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и за активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. Во рамки на проектот, ЦИВИЛ започна со серија на анкети низ повеќе градови во Македонија. Првата анкета „На работ на егзистенцијата“, беше снимена во Скопје. Одговорите на прашањето Како може да преживее едно семејство со примања под 20.000 денари, предизвикаа голем број на реакции по социјалните мрежи но и на Интернет порталите како што се Бриф, Oranews, Ina-online, Botasot, Telegrafi, Lajmi, Portalb, Lajmpress, Almakos...

ЦИВИЛ го посети и Гостивар, каде одржа информативна средба со граѓан(к)и и прес-конференција за проектот и за Граѓанската повелба. Медиумите  TV GlobiPortalb, Telegrafi, Lajmpress и Гостивар прес информираа за започнувањето на проектот и за гостувањето на ЦИВИЛ во овој град.

Локалниот референдум во Гевгелија, на кој гевгеличани имаа можност да се изјаснат „за“ или „против“ отворање на рудник на планината Кожуф, беше набљудуван од мониторинг-тимот на ЦИВИЛ. Како единствена организација која го набљудуваше подготвувањето на референдумот, кампањата и самиот ден на гласање, ЦИВИЛ беше единствен извор и за традиционалните медиуми и за Интернет порталите. МКД, Сакам да кажам, Нова ТВ, Радио Моф, Канал77, Макфакс, Република, ТВ21, Слободен печат, Тв24, Плусинфо, Либертас, ФокусМета, Канал 5, Portalb, Lajmpress, Telegrafi..., беа само дел од медиумите кои информираа за набљудувањето на ЦИВИЛ.

Велес беше вториот град каде ЦИВИЛ ја презентираше Граѓанската повелба. Слободен печат, Дума, Ти реков ми рече, Тв Здравкин, Tetova Sot, Telegrafi  информираа за активностите на ЦИВИЛ во Велес.

На 27 април во Македонија се случи насилен упад во Собранието што резултираше со повеќемина повредени пратеници и новинари. Како реакција, ЦИВИЛ во соопштение до јавноста го осуди насилството. По прес-конференцијата на Ѓорге Иванов, ЦИВИЛ побара негова одговорност и оставка. Медиумите Окно, Репортер, Пинг, Слободен печат, Радио Моф, Tetova Sot, Нова Македонија, Макфакс, ја пренесоа пораката на ЦИВИЛ.

Проектот „Општество без граници“ беше промовиран и во Битола. Регионалната телевизија Орбис, присуствуваше на прес-конференцијата во овој град. И викендот што следуваше за ЦИВИЛ беше работен: во Охрид, Струга и Ресен се одржуваа средби со граѓански организации, беше одржана и прес-конференција, а беа направени и анкети со граѓан(к)ите. Охрид прес и ТВМ беа дел од промоцијата на проектот во Охрид, продолжениот викенд кој беше работен за ЦИВИЛ, беше најавен и на порталите Евенси и Веб Охрид.

Медиумските содржини ЦИВИЛ ги објавува на своите веб-страници на македонски, на албански и на англиски јазик. Сите содржини се достапни за споделување и превземање со наведување на изворот.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email