Повик за учество на семинар за граѓански новинари во пелагонискиот регион

ЦИВИЛ – Центар за слобода започнува со втората година од спроведувањето на проектот „Граѓански објектив“. Изминатата година беа одржани пет регионални семинари, повеќе обуки и предавања низ Македонија, а доделени беа и 45 награди на граѓански новинари за објавени фотографии, видео и аудио снимки и текстови за разни форми на кршење на гласачкото право, за притисоци, закани, уцени, корупција во изборен контекст... 

Секој втор месец, петте најуспешни трудови на граѓанските новинари ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема, а првата награда е во противредност од 110 долари.

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, како и секој што има барем основни вештини за пишување, повикан е да се вклучи во нашиот проект.

12239745_860326987419105_3175215269733778509_n

Семинар во Битола, 16-ти ноември 2015

По успешните семинари во текот на изминатата година, ЦИВИЛ го организира првиот во серијата на семинари планирани за оваа година, што ќе се одржи во Битола на 12-ти и 13-ти ноември во во хотелот „Театар“ со почеток во 10,00 часот.

Предавачи на овие семинари ќе бидат истакнати професионалци и експерти од областа на новинарството и активизмот.

За учество на дводневниот семинар може да се пријават полнолетни граѓан(к)и, жители на Битола, Демир Хисар, Ресен, Прилеп, Крушево и соседните општини.

Пријавувањето е до 10-ти ноември (четврток) онлајн или на monitor@civil.mk, со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по една страница) во кои заинтересираните накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот. Секој учесник кој ќе ја заврши обуката, ќе добие и сертификат.

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси. Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право преку интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

 

 

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email