Апсењата мора да престанат!

ЦИВИЛ - Центар за слобода, најостро го осудува приведувањето на членот на Президиумот на Левица, д-р Здравко Савески.

Утрово, по информативниот  разговор во Полициската станица „Пролет“ (Кисела Вода),  Савески е приведен и истиот ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија во предистражна постапка, со барање за определување на мерка притвор.

Како што известуваат од Левица, на уште тројца членови на највисоките раководни партиски органи им се стигнати покани за информативни разговори!

Според информациите од Левица, се работи за настани кои се “поврзани со масовните протести кои ги иницираше движењето #Протестирам, кои се развија во т.н. Шарена револуција, кои почнаа по срамната и противправна аболиција на Претседателот на РМ.”

ЦИВИЛ бара итно ослободување на Савески, и бара да престанат притисоците и делувањето против активистите за човекови права и против граѓанското општество воопшто.

Уште еднаш ќе кажеме, притисок и делување против еден активист или против една организација, претставува директен удар врз сите активисти и организации! Апсењата мора да престанат!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish