Анкета: Протести во Македонија, решение или продлабочување на кризата?

ЦИВИЛ ја спроведува онлајн анкетата Протести во Македонија – решение или продлабочување на кризата, која се однесува на масовните протести кои се одржуваат низ цела Македонија, а секако и за контра-протестите, влијанието на протестите врз политичката криза и изборниот процес. Кликнете ТУКА за анкетата. Пополнувањето трае најмногу една минута.

Преку оваа анкета, ЦИВИЛ ќе се обиде да го детектира ставот на граѓанките и граѓаните за протестите и контра - протестите и нивното организирање и дејствување, информираноста и поддршката на граѓаните за барањата кои произлегуваат од нив, како и влијанието на овие настани на политичката криза во Македонија и можностите за организирање на слободни избори.

feature photo za anketa april 2016 - CopyВоедно, ЦИВИЛ ја користи оваа прилика да ги повика сите граѓанки и граѓани да се вклучат во работата на организацијата како активисти, поддржувачи, набљудувачи на изборниот процес, граѓански набљудувачи и граѓански новинари и со своите пријави, коментари и сугестии да придонесат кон создавање услови за слободни избори.

Посетете ја веб страницата СЛОБОДНИ ИЗБОРИ и пополнете го формуларот. Лајкнете ја Фејсбук страницата на ЦИВИЛ за да бидете информирани за најважните прашања во општеството. Посетете ја и новата веб страница ЦИВИЛ Медиа, како и YouTube каналите ЦИВИЛ Македонија и ЦИВИЛ - Центар за слобода. Напишете коментар, информација или препорака на нашата Фејсбук страница или на мејл: [email protected], јавете се на 02/5209176 или 075/565 830.

Анкетата е во рамките на проектот Слободни избори за слободни граѓан(к)и, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian