#Анкара

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува безумниот терористички акт во Анкара и упатува искрени изрази на сочувство до семејствата на загинатите и до целата турска нација.

#Ankara

#Ankara

И овој брутален акт на екстремно насилство и терор покажува дека мета на терористите се немоќните, невооружените и недолжните цивили. Терористичките организации со своите безумни и кукавички акти успеваат само да докажат дека зад нив не стојат идеи и политички цели, туку чиста деструкција и зло. Нападите во Франција, а сега и во Турција, покажуваат дека светот е исправен пред глобална закана која не познава граници и чија цел не е дефинирана.

Институциите, општествата и државите мора на заканите од тероризмот да одговорат со уште порешителна акција за демократизација и за почитување на човековите права и слободи, да упатат јасна и недвосмислена порака – за тероризмот нема место во човечката цивилизација!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish