“Напред!”: Започнува нова фаза на мобилизација на набљудувачите

По успешно завршената прва фаза од проектот “Напред!”, која се реализираше во 29 општини, ЦИВИЛ - Центар за слобода, продолжува утре со втората етапа од проектните активности. Со два мобилни тимови, ЦИВИЛ во текот на утрешниот ден ќе посети шест општини.

Првиот тим ќе ги посети општините Свети Николе, Чашка и Лозово. Граѓан(к)ите, ќе имаат можност да се информираат за можноста за набљудување на престојните предвремени парламентарни избори. Жителите од овој регион ќе ги добијат потребните информации за проектните услови, различните позиции за набљудување и тековните активности на ЦИВИЛ.

Со истата агенда, вториот тим на ЦИВИЛ, ќе ги посети општините Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане. За време на посетата ќе бидат поделени триплети со информативна содржина за проектот “Напред!”.

 

12803188_917571971694606_1451914063179428368_n

Радовиш, 5-ти март 2016

Во првата фаза од проектот, со поминати неколку илјади километри, беа поделени над 11.000 флаери со едукативни и мобилизаторски содржини – 9.000 на македонски и 2.000 на албански јазик. На тој начин, во директен контакт со граѓаните, опфативме над 30.000 потенцијални набљудувачи на парламентарните избори.

Граѓан(к)ите кои сакаат да аплицираат за изборни набљудувачи, треба да испратат кратка биографија, мотивациско писмо и фотографија на е-адресата [email protected]до крајот на март 2016-та година.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian