Гласачи од Пустец во Кичево, Ресен и во Скопје

Забележани се голем број гласачи од Пустец од страна на граѓани кои пријавуваат неправилности во Цивил, а и од страна на набљудувачите.

Набљудувачите на Цивил на гласачко место во Кисела Вода забележале гласач од Пустец кој се обидел да гласа иако бил обележан на двата палци со мастило. Откако реагирале од избирачкиот одбор, тој избегал. Истата ситуација ја имало и во едно гласачко место во Центар.

Набљудувачите на Цивил информираат дека гласачи од Пустец биле забележани и на гласачко место во Бутел. Според добиените информации, овие гласачи биле донесени со жолто комбе со албански регистерски таблички.

Гласачи од Пустец се забележани и во Аеродром, како гласаат во училиштето „Браќа Миладиновци“, кои исто така биле донесени со организиран превоз.

Набљудувачите на Цивил регистрираат и голем број гласачи од Пустец во Ресен, каде гласачите од Мала Преспа се носени со автобус, а потоа разнесувани со автомобил низ градот. Гласачи од Пустец регистрирани се и во Кичево.

Цивил веќе објави дека само во Центар има околу 2.000 гласачи од Пустец кои имаат лични карти во Македонија. Во проверката на две места, Цивил констатираше дека овие гласачи кои ги има на избирачкиот список, не живеат во местата каде што се заведени на Избирачкиот список. Стануваше збор за дваесетина лица пријавени дека живеат на иста адреса.

Мери Јордановска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish