Граѓаните порачаа дека без нивно учество нема успешни преговори за излез од кризата!

„Граѓаните ќе ја решат кризата!“ - гласаше пораката која активистите на Шарената револуција ја напишаа на улицата пред резиденцијата на американскиот амбасадор, Џејс Бејли во Скопје, додека се одвиваа преговорите на замениците претседатели на четирите политички партии-потписнички на Договорот од Пржино

Untitled

Активистката Мирјана Најческа истакна дека граѓаните излегоа на улица затоа што не се задоволни од власта, но исто така, и за да и пренесат порака на секоја наредна власт - дека ништо не може да се постигне без согласност на граѓаните на Македонија.

NAJCE

„Граѓаните протестираа за да ја сменат праксата на власта - да не води сметка за мислењето, гласот, интересите и за потребите на граѓаните. Апсурдно е да преговараат политичари кои си ставаат политички послушници во парламентот за да преговараат за некакви промени, за некакви избори, за регуларност, за некакви реформи..., без граѓаните. Она што го бараме е да учествуваме во процесот на донесување на она што претставува преговарачки резултат и да не заборават политичките партии дека мораме да бидеме дел од процесот на одлучување. Доколку нешто се договорат, а нам не ни се допаѓа, и доколку дојде нова власт и уште од старт почне да работи против нашите интереси и потреби, ние пак ќе излеземе на улица и ќе викаме, меѓутоа многу посилно и порадикално, бидејќи ги научивме лекциите како можеме да бидеме излажани, да бидеме пренесени жедни преку вода. И, научивме дека политичките партии многу лесно можат да ги искористат граѓаните. Не сфаќаат дека ова држава е држава на граѓаните на Република Македонија, а не држава на политичките партии“, рече Најчевска.

Активистот Петрит Сарачини, изјави дека граѓаните будно ќе ги следат сите политички случувања.

PETRIT

„Ние бараме да бидеме вклучени во преговорите бидејќи граѓаните не знаат за што се преговара зад затворени врати. Ние не бараме да бидеме тие што ќе одлучуваат, туку да бидеме гласот на граѓаните и да ги известуваме за што се преговара. Ние ќе може да предложиме и алтернативни и подобри решенија, таму каде што ќе запре работата во преговорите. Без учество на граѓаните, преговорите нема да дадат никаков напредок, како што тоа досега се случува. Процесот ќе биде киднапиран од политичките елити, а решенијата кои ќе се донесуваат, ќе им служат само на политичките елити, на тесните центри на моќ што со години ја узурпираат политиката и суверенитетот на граѓаните“, рече Сарачини.

Тој истакна дека тие што бараат да се формира политичка партија на граѓаните, за да можат да учествуваат на преговорите, всушност, не ги знаат доволно демократските права и слободи.

На новинарско прашање, како ќе учествуваат граѓаните од Шарената револуција на преговорите, кога претседателот Ѓорѓе Иванов, дел од нив ги нарече платеници кои имаат претходно смислено сценарио, Најчевска одговори дека тоа е мислење на еден нелегитимен претседател на држава, бидејќи ниту граѓаните, ниту меѓународната заедница не го сметаат за претседател. „Ирелевантно е мислењето на еден човек со минимални интелектуални капацитети“, додаде таа.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian