Граѓанското општество понуди мерки за излез од политичката криза

„Предлог за итни демократски реформи“ е документот што денеска го промовираа неколку граѓански организации, којшто треба да биде вграден во програмата што би ја имплементирала идната експертска влада на Македонија. Целта на овој документ е слободни, фер и кредибилни избори, што ќе ја извлечат Македонија од политичкиот ќорсокак во којшто тоне повеќе од една година. Документот треба да го поттикне процесот на враќање на демократските стандарди и вредности

Предлогот за итни демократски реформи содржи низа мерки, во сите области на јавните политики, коишто се предложени и подготвени од релевантни граѓански организации и независни експерти.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=PComWtnWrCQ[/youtube]

Работата на СЈО е приоритет во мерките што за ресорот - правосудство ги конципираа: Хелсиншкиот комитет, Фондацијата Отворено Општество - Македонија и Институтот за човекови права.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=Z-ZJi8MgCzo[/youtube]

Во рамките на иницијативата за итни демократски реформи, професионалните медиумски организации подготвија консолидиран предлог со којшто ќе се ослободи медумската сфера пред одржување на изборите. Ова, прашањето на медиумите и гарантирање безбедност на новинарите при извршување на новинарската задача, се клучните точки што мора да се решат пред да се утврди датум на избори.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=wyVqLkgy13A[/youtube]

Продолжување на реформирањето на ДИК, прочистување на Избирачкиот список и обезбедување на оддвоеност на државата од политичките партии се клучните фактори за организирање фер и слободни, кредибилни избори.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=xB_5eME-kc4[/youtube]

Документот е комплементарен со заложбите на движењето „Протестирам“ и со Шарената револуција, со барањата за итни демократски реформи и за вклучување на независни претставници на граѓанското општество во тој процес. Листата на организации и независни експерти не е затворена, велат претставниците на граѓанскиот ресор. Порачуваат дека поддршка и придонес во надградба на овој документ може да дадат сите граѓани, граѓански организации, политички партии и претставниците на меѓународната заедница.

Моника Талеска

Видео: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian