Приведен возачот на комбето на Шарената револуција

Со силно полициско обезбедување и со пиштоли на готовс, приведен е возачот и совозачот на комбето на Шарената револуција, непосредно по завршувањето на денешниот протест под мотото „Хорхе, ти си срам за Македонија!“. Тие се приведени во полициската станица „Пролет“.

image-0.02.01.ac646025950eda8f44a1c7db57d01303ad92239596f870b50b4e78000a557484-V - Copy

Полиција и вооружени цивили ги приведуваат Шарените револуционери

За време на протестот, меѓу полицајците во кордонот кој ја обезбедуваше Триумфалната имало припадници на припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), а во ГТЦ забележани се вооружени цивили.

Во моментов, пред полициската станица Пролет се собираат активисти во знак на поддршка на приведените.

Вооружени цивили со исукани пиштоли има и пред полициската станица.

image-0.02.01.1cab1f0fff3f632784b4e232db22fc2b59248e3e30444128c36bc78216c72717-V

Поддржувачите на Шарената револуција веднаш почнаа да се собираат пред ПС „Пролет“

(Фотографиите и првичните информации ги добивме од граѓанската новинарка Наталија Попоска. Набљудувач на ЦИВИЛ ги потврди информациите од лице место.)

civiv-lenses-logo-en-lf-500x414Оваа содржина се објавува во рамките на четвртиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish