Увидот на Избирачкиот список почна да покажува грешки

Веднаш по објавувањето на Избирачкиот список на јавен увид, до ЦИВИЛ-Центар за слобода пристигнаа информации за неправилности.

Според информациите од граѓанка која сака да остане анонимна, нејзиниот син кој и покрај тоа што живее 15 години во странство, сé уште е на списокот на гласачи кои гласаат во Македонија. Синот, како што не информираше загрижената скопјанка, до изборите во 2014-та година, бил на списокот означен со ѕвезда, што значи дека е лице кое не живее во државата (иселено лице), односно гласа од дијаспората.

Од 2014-та, ѕвездичката без негово барање и согласност е тргната, односно, сега нејзиниот син, се води како да гласа во Македонија.

IMG_3187

                                    Последно барање по кое не било реагирано

Проблемот е пријавен уште пред парламентарните избори во 2014-та година, но бараната корекција од ДИК не била направена. Повторно, пред еден месец, во законски предвидениот рок, до ДИК е доставено барање во кое се наведува грешката.

По објавувањето на Избирачкиот список, утрово, госпоѓата повторно се уверила дека грешката уште не е поправена, односно, нејзиниот син сé уште се води како гласач во Македонија.

Print Friendly, PDF & Email