Протести и во Струмица!

Денеска во Струмица, пред Старата полиција, во организација на платформата „Граѓанска демократија“ се одржа мирен протест каде граѓаните го искажа своето незадоволство од власта како и од аболицијата за криминалиците од претседателот Ѓорги Иванов.

Околу 500 граѓани денеска скандираа „Оставка за Иванов!“, „Груевски, готово е!“, „Не - за криминални избори!“. Пред демонстрантите се обратија Ленче Христова од организацијата на жени од Струмица, Митко Гогов, граѓански активист и Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците.

Голем беше револтот на присутните кои бараа што побргу да се поништи аболицијата и да се стави крај на криминалната власт. Организаторите и порачаа на полицијата дека нивното место е со народот....

 

Print Friendly, PDF & Email