Една од екипите на ЦИВИЛ - Центар за слобода денеска ги посети општините Демир Капија, Богданци и Дојран за да ги информира граѓаните за проектот „Напред“ за да се приклучат во набљудувачкиот процес на предвремените изборите.
Тимот го започна денот со делење на триплети со информативена содржина за проектот „Напед!“ во општина Демир Капија. Сите заинтересирани граѓани имаа можност да ги добијат потребните информации за можноста да бидат набљудувачи. Жителите на Демир Капија се пожалија на лошите политики на актуелната власт. Тие велат дека со задоволство ќе аплицираат да бидат набљудувачи на ЦИВИЛ, бидејќи потенцираат оти поприфатлив им е статусот на независни, отколку на партиски набљудувачи.
Граѓаните на Богданци се пожалија дека младите се отселиле од градот поради лошите услови за живот. Тие велат дека „порано Богданци беше како Париз“, а денес е - пустелија.
Тимот на ЦИВИЛ денот го заврши во Дојран каде што ги информираше граѓан(к)ите за проектот „Напред!“. Дојранчаните со кои разговараа претставниците на ЦИВИЛ беа љубезни и ни изјавуваа дека не веруваат во слободни, фер и демократски избори сé додека нема слободни и непристрасни медиуми. Според нив, тие ќе аплицираат да бидат дел од набљудувачкиот тим на ЦИВИЛ, но во овој момент, сметаат дека нема нормални услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори.
Оваа вест е достапна и на: Albanian