ЦИВИЛ ќе го набљудува реферeндумот во Дојран

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудува и спроведувањето на референдумот во Дојран на 23 јули (недела), по мониторингот на успешните референдуми во Гевгелија и Богданци.На барање на граѓанките и граѓаните на Општина Дојран на референдумот ќе се изјаснуваат дали се за или против изградбата на рудникот Казандол.

ЦИВИЛ е отворен за пријавите од граѓанките и граѓаните, како и прилозите на граѓанските новинари за можните нерегуларности во спроведување на референдумот.

Пријавите за нерегуларности може да се поднесуваат на телефонските броеви: 078 746 138 и 075 389 698, а на располагање е и веб страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности или преку порака на Фејсбук страницата Слободни избори.  Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација е онлајн аликација достапна на граѓанките и граѓините во секое време да пријавуваат нерегуларности.

ЦИВИЛ во текот на референдумот ќе ја информира јавноста преку соопштенија, прилози на веб страницата ЦИВИЛ Медиа и информации на социјалните мрежи на ЦИВИЛ за резултати од набљудувањето на терен.

Право на изјаснување на референдумот имаат  2,747 жители на општина Дојран, на 9 избирачки места. На избирачкото место КПД Идризово, општина Гази Баба, право на глас има едно лице.

Print Friendly, PDF & Email