Извонреден пречек на ЦИВИЛ во Маврово, Центар Жупа, Дебар и Вевчани

Еден од мобилните тимови на ЦИВИЛ денеска ги посети општините Маврово - Ростуша, Центар Жупа, Дебар и Вевчани. Жителите на овие општини беа информирани за проектните активности и за јавниот повик за мониторирање на изборите.

ЦИВИЛ во општината Маврово - Ростуша ги информираше жителите за можноста да се вклучат во активностите за јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Маврово - Ростуша, 26 март 2016

Маврово - Ростуша, 26 март 2016

За разлика од Маврови Анови, каде што поголемиот дел на соговорниците беа скопјани, на централниот плоштад во Ростуше, тимот на ЦИВИЛ разговараше со десетици, главно средовечни, граѓанки и граѓани.

За време на двочасовниот престој во двете седишта на оваа општина беа поделени околу 250 флаери со едукативна и нформативна содржина за изборниот процес.

Како што, на една од паузите на патот, на претставниците на ЦИВИЛ му соопштија и неколкутемина жители на соседното село Жировница, во кое за жал речиси и да нема помладо население, и во Ростуше средовечните соговорници потенцираа дека семејствата во општината преживуваат со паричните дознаки од нивните членови кои ја побарале својата егзистенција во странство. Потврда за овие зборови беше полниот автобус кој од ростушанскиот мост замина за Равена, Италија, во моментот кога тимот на ЦИВИЛ пристигаше во општината.

Центар Жупа, 26 март 2016

Центар Жупа, 26 март 2016

При посетата на општината Центар Жупа, тимот на ЦИВИЛ ги информираше жителите за можноста да бидат набљудувачи на престојните парламентарни избори.

Исто така, ЦИВИЛ оствари средба со градоначаникот на општина Центар Жупа и со претставник на регионалната телевизија К3.

Не само поради споменикот на Ататурк во центарот на општината, туку и заради инвестицијата на турскиот град Бурса во Центар Жупа, дел од соговорниците потенцираа дека турската држава повеќе води сметка за нив од нивната македонска држава.

Еден од соговрниците беше дециден дека Центар Жупа, освен во август кога си доаѓаат иселените млади, всушност, живее во Италија.

Третата општина која тимот на ЦИВИЛ ја посети беше Дебар. Дебарчани беа информирани за проектот Напред! и покажаа голем интрес за активностите на ЦИВИЛ за престојните избори.

Пазарниот ден му овозможи на тимот на ЦИВИЛ да оствари средби со голем број граѓанки и граѓани на Дебар и беа поделени над 300 инфромативни материјали со едукативна содржина за изборниот процес и за можноста за аплицирање за набљудувачи на изборите.

Дебар, 26 март 2016

Дебар, 26 март 2016

За време на престојот на тимот во Дебар присуствуваа и поддржувачите на ЦИВИЛ, кои ги изнесоа своите ставови за политичката состојба во Дебар на локално и државно ниво.

Во саботното попладне  тимот на ЦИВИЛ ги информираше граѓанките и граѓаните на Вевчани за приклучување кон  набљудувачкиот процес на престојните парламентарни избори.

На централните вевчански улици беа поделени стотина флаери со информативна и едукативна содржина за изборното набљудување.

Вевчани, 26 март 2016

Вевчани, 26 март 2016

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian