И Куманово бара слободни избори

Во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавен настан „Сите за слободни избори“ во Куманово, на 22 декември, од 16:30 до 18:00 часот на градскиот плоштад.

mk-alИ Куманово бара слободни избори, и Куманово заслужува објективно, професионално и навремено информирање на граѓанките и граѓаните. Затоа, ЦИВИЛ останува секогаш во интеракција со нив, во директен контакт, пренесувајќи им ги сите наши сознанија  и информации за надминување на политичката криза, за демократизацијата и за слободни избори.

Најголем дел од националните медиуми не емитуваат содржини, ниту известуваат за напорите на граѓанското општество, за напорите на невладините организации и нивната борба за подобрување на условите за слободно и демократско општество, во кое ќе се почитуваат човековите права и слободи во целост, а со тоа и гласачкото право и правото на фер, демократски и слободни избори.

Токму затоа, ЦИВИЛ Медиа подготви видео-содржини и печатен материјал за настанот во Куманово. Сите свесни и слободољубиви граѓанки и граѓани се повикани да ги гледаат во живо, вестите кои ги нема во програмата на повеќето национални медиуми.

Посетителите во Куманово ќе можат да учествуваат и во фото-петицијата за поддршка на слободните избори. А микрофонот е отворен за сите што сакаат да споделат информации и ставови.

Кампањата „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ што го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian