Протести во Битола, Ресен, Струмица и Кочани

Одбележувањето на 5-ти мај, денот кога пред една година, македонската јавност слушна како тогашниот премиер Никола Груевски, заедно со екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот помошник Иво Котевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и нивните соработници се обидоа да го сокријат бруталното убиство на Мартин Нешковски, синоќа покрај во Скопје, се одржа и во повеќе градови низ Македонија.

13169938_10154190922857430_276708857_o

Битола, 5-ти мај 2016

Со една минута молк, во чест на Мартин Нешковски, започна вчерашниот протест во Битола. Исто така, со цел одбележување на смртта на Нешковски, пред присутните битолчани, прочитана била песната “Цветови”, од Славко Јаневски. Пред зградата на Општина Битола, според информациите од набљудувачите на ЦИВИЛ од овој град, испечатените банкноти од 360.000 евра, со ликот на градоначалникот Талески, кои претходно беа дел од герила акцијата, беа делени помеѓу демонстрантите кои скандираа “Врати ги парите!” На другата страна во градот, пред Офицерски дом, контра-деомнстрантите во организација на ГДОМ, побараа избори на 5-ти јуни.

247bfe46-b2be-49f6-bd9b-73f4ccc74d04

Ресен, 5-ти мај 2016

Протест се одржа и во Ресен, пред хотел "Китка" на главниот Плоштад во градот. Поворката со македонски и турски знамиња тргна од плоштадот и се упати кон Основниот суд, каде како што информира долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од овој град, биле фрлани јајца, а демонстрантите скандирале: “Сакаме независно судство”, и “Затвор за криминалците”. После Oсновниот суд толпата се упатила кон општинската зграда каде беа пречекани од специјалните единици на полицијата. И кон зградата на Општина Ресен, биле фрлани јајца, а било скандирано “Oставка на претседателот Иванов” и “Повлекување на аболиција”. За денеска во Ресен се најавени нови протести под знамето на “Шарената револуција” и движењето Протестирам.

aed0fb6b-ce83-483f-aa28-950e5bdac5c8

Ресен, 5-ти мај 2016

Истовремено, пред спомен куќата на др. Христо Татарчев, во организација на ГДОМ, собрани биле, според информациите од терен, педесеттина контра-протестанти. Протестите завршиле мирно, без инциденти.

13125267_10209313543420873_949422748_n

Струмица, 5-ти мај 2016

“Во Струмица, повторно 'Шарена револуција'. Но, тоа што овој пат беше различно е што пред граѓанките и граѓаните кои протестираа имаше поставено фикус, со име Хорхе кој го водеше протестот на струмичани”, стои во извештајот од Стурмица, Демонстрантите извикувале “Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“…  Барањата и синоќа, исти, и веќе познати на сите. Протестот, според информациите од овој град, синоќа потсети и на режимската бруталност и обидот да се сокрие убиството на Мартин Нешковски и против полициската бруталност употребена за време на минатогодишниот протест на 5-ти мај пред Владата во Скопје.

13140720_1300848196599165_1679828999_n

Кочани, 5-ти мај 2016

Синоќа во Кочани, се одржаа најмасовните протести до сега. Според информациите од долгорочниот набљудувач од овој град, протестите биле под силно полициско обезбедување, со цел да се избегнат евентуални судири, со контра-демонстрантите во организација на ГДОМ.

Протестот завршил со говорите на неколку кочанчани, мирно и без инциденти. Протест, во Кочани и во уште 18 градови во Македонија се најавени и за денеска.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email