Узурпација на власта ширум Македонија

Кој раководеше со јавните институции во Битола, кога најголемиот број на директори и директорки, кои земаат плата од даноците што ги плаќаат сите граѓан(к)и , вчера беа на контра-протест, пред Уставниот суд во Скопје?

11234053_931071607000858_7887029075778298988_n

Фејсбук профилот на “Битола Унија на жени.”

Ова прашање се поставува откако ќе се видат фотографиите објавени на Фејсбук профилот на “Битола Унија на жени.” На фотографиите јасно се гледаат гордите контра-демонстрантки, директорки на основните училишта  “Д-р Трифун Пановски”, “Коле Неделковски”, “Елпида Караманди”, директорката на Домот за стари лица “Сју Рајдер”, претседателката на Советот на Општина Битола, директорката на Студентскиот дом “Кочо Рацин”… Поддржани од претседателката на Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. Дел од граѓан(к)ите згрозени од мобилизацијата на вработени во јавните институции во Битола, која се случувала и доцна во ноќта, реагираа на своите Фејсбук профили.

Фејсбук статус

За жал, Битола не беше единствениот град кој вчера функционираше без првите луѓе на јавните институции. Велешките високи функционери исто така беа мобилизирани, во “одбрана” на Македонија.

Изутрината во Велес биле забележани неколку автобуси на пат за Скопје. Вработени во јавната администрација од ЈКП Дервен, Општина Велес, Медицинскиот центар, од основните и средните училишта, ги наполниле автобусите за контра-протестот пред Уставен суд во Скопје, како поддршка на нивниот коалициски партнер ГРОМ и Стефче Јакимовски.Според информациите од велешани, сите „патници“ биле ангажирани по директива на ВМРО-ДПМНЕ. Вработените од локалните институции и јавните претпријатија во градот, кои наместо да бидат на своите работни места, платени од нас - граѓаните, биле во фунција на партијата, на организиран контра-протест пред Уставниот суд во Скопје.

431950_1248370238525273_3825680799636560673_n

Велес, 16 март 2016

Пријави на разочарани граѓан(к)и од ваквото однесување и мобилизирање на власта, доаѓаат и од другите градови низ Македонија. Таков е случајот со Прилеп, Куманово, Струга и Кичево.

Во Кичево, вчера , инспекторите од УЈП напладне организирано го напуштиле работното место. Истото го направиле и дел од вработените во Народна банка, ЈП Студенчица, РЕК Осломеј... На контра-протестот вчеравечер, кичевските функционери имале време и за селфи, меѓу кои претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, бивш заменик министер и раководител на ЈП Студенчица и членови на Советот на Општина Кичево.

Прашањето е: колку од контра-демонстрантите, функционери, инспектори, административци, професори, наставници, се денеска на работа, и колку по вчерашниот „излет“ се работоспособни?

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian