И помалите градови бараат големи промени

Рано попладнето екипите на ЦИВИЛ пристигнаа во Пробиштип каде што на централниот градски плоштад имаа конструктивни разговори со граѓанките и граѓаните за проблемите од нивното секојдневие.

Жителите на Пробиштип особено ја истакнаа својата цврста решеност на слободни избори Македонија конечно да добие власт каква што заслужува.

По средбата во Пробиштип, тимот на ЦИВИЛ продолжи во Кратово каде пријатно беше изненаден од пречекот и интересот на кратовчанки и кратовчани за заедничка соработка во процесот на мониторинг на изборите.

DSC_0121

Граѓанките и граѓаните на Кратово изазија гоелми надежи во престојните избори и во можноста за големи промени на централно, но и на локално ниво.

На средби со граѓанките и граѓаните во овие два  града во Источна Македонија, со претставниците на граѓанското општество и со политичките партии, тимот на ЦИВИЛ го претстави проектот НАПРЕД! и размени информации за политичката ситуација, за делувањето на партиите на теренот, како и за состојбата на Избирачкиот список.

Print Friendly, PDF & Email