Куманово секогаш Напред!

Во склад со својата богата историја Куманово е секогаш чекор пред другите. Овој пат решителниот чекор Напред! е кон неминовната демократизација на Македонија и нејзиното враќање кон европските стандарди и цивилазиски вредности.

Доцна попладнето тимовите на ЦИВИЛ поделија неколку стотини триплети, одговараа на прашања на кумановчанки и кумановчани и на новинарите на локалните медиуми.

DSC_0303
И покрај дожливото време деведесетте минути на кумановскиот централен плоштад поминаа неверојатно брзо.

На средбите со граѓанките и граѓаните на Куманово, мобилниот тим на ЦИВИЛ го претстави проектот НАПРЕД! и ги повикаа на поддршка и активно набљудување и известување за текот на изборниот процес.

Print Friendly, PDF & Email