Владиката Агатангел вдахновен од власта

На голем народен собир, по повод православниот празник Водици, владиката Агатангел, постојано придружуван од пратениците Илија Димовски и Ѓорѓи Коџабашиев, во својот говор кон присутните граѓани, кои беа околу 1000 на настанот, направи целосна промоција на ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа е целта на овој празник и на тие млади што влегуваат во водите да го фатат светиот крст. Да сте ми здрави, живи, бериќетни и среќни. Оваа година нѐ израдува владата, премиерот, градоначалникот, пратениците, се отвори „Киро Ќучук“, “Порцеланка“, „Колска“, друга една фабрика... Ве молам, се враќа животот во нашиот град. Кога дојдов навистина беше мртов град, но сега верувајте ми, и како црква, се враќа животот во градот“ - рече владиката.

Димче Велев

(Авторот е граѓански новинар од Велес.)

dimce velev (1) dimce velev (2) dimce velev (3)

 

CIVIV LENSES logo EN LfОваа содржина се објавува во рамките на првиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English