Свеченo доделување на наградите на граѓанските новинари

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ги додели првите награди на граѓанските новинари за проектот „Граѓански објектив“, на утрешната церемонија во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

Комисијата на ЦИВИЛ на 8-ми февруари ги прегледа пристигнатите материјали за месец јануари, и одлучи да ги награди петте најуспешни прилози со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е ваучер во денарска противвредност од 110 долари.

Кон крајот на 2015-та година, ЦИВИЛ организираше пет семинари на кои предавачи беа 19 експерти, уметници и фоторепортери со меѓународно реноме, а беа прифатени над 130 апликации за учество од целата земја.

citizen journalist contest

На свечената церемонија за доделување на наградите се поканети сите учесници на семинарите, како и предавачите. На церемонијата ќе се презентира проектот и наградените трудови на граѓанските новинари, од кои еден дел се анонимни.

ЦИВИЛ ги поканува на настанот и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, како и претставниците на граѓанското општество и медиумите.

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект има за цел да придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

 

 

Print Friendly, PDF & Email