ЦИВИЛ го презентира проектот за граѓанско новинарство

ЦИВИЛ - Центар за слобода под мотото „За слобода! - граѓанското новинарство за слободата на изразувањето“, на 15-ти септември, четврток, со почеток во 19:00 часот, ќе го презентира проектот за граѓанско новинарство „Граѓански објектив“, на платото пред Универзитетот на ЈИЕ, во скопската Стара Чаршија.

clp-logo-01

Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на натпреварот „Биди граѓански новинар“, а членовите на тимот ќе бидат достапни да одговорат на прашањата на заинтересираните граѓанки и граѓани.

Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Проектот треба да придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата. 

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право во интерактивна и динамична активност која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, кој ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian