Tурскиот амбасадор Шолендил: Извинувањето на Латас не е доволно!

Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Омур Шолендил, во соопштение до јавноста, го осуди вчерашното интервју на ТВ Сител, кога главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ Латас, гостинот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев го обвини дека “лаже како Турчин!”

“Синоќешниот недоличен израз на главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, кон големиот турски народ, на најсилен начин го осудуваме. Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именуваното лице, кое во основа и порано покажало смелост, во разните свои емисии и изјави да користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и Турците.

Со жалење го примивме овој недоличен израз упатен кон Република Турција и турската заедница која што прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и ја поддржува оваа братска и пријателска земја на секое поле.

Именуваното лице, по интензивните и праведни реакции на претставниците на нашите сонародници во Македонија, и покрај тоа што се извинило пред турскиот народ и држава, далеку е од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став.

Ја повикуваме Телевизија Сител која му дала висока раководна функција на ова лице, да постапи во согласност со објективното новинарство и во рамките на правичноста и кон именуваното лице да превземе соодветни мерки”, стои во соопштението на турскиот амбасадор Шолендил.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian