Цивил го одбележува Меѓународниот ден на ненасилството

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, воедно и роденденот на големиот миротворец Махатма Ганди. Цивил го одбележува овој ден со години наназад. Овој пат, скромно, во рамките на организацијата, го одбележуваме со музика и традиционалната роденденска торта во просториите на организацијата. Воедно, ги повикуваме сите наши членови, соработници и поддржувачи да дојдат во нашите простории до крајот на оваа недела за да поразговараме за ненасилството, мирот и човековите права и да го збогатиме нашиот албум со фотографии и со пораки по повод Меѓународниот ден на ненасилството.

Обединетите нации воспоставија резолуција на Генералното собрание на 15 јуни 2007 година според која на овој ден се шири пораката на ненасилство и тоа преку едукација, подигање на јавната свест, мир, толеранција и разбирање.

Ганди e првиот човек во историјата кој се залагал да се прошири принципот на ненасилство од страна на поединецот на општествени и политички нивоа.

„Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“, „Око за око го прави целиот свет слеп“ и „Постојат многу идеи за кои сум подготвен да умрам, ама ниту една за која можам да убијам“ - се само неколку од големите пораки на Махатма Ганди чиј живот прерасна во пример за индивидуална, ненасилна борба за слобода.

Дел од тимот на ЦИВИЛ (1)

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email