ЦИВИЛ го одбележа Светскиот ден на социјална правда

Во присуство на претставници на медиумите и заинтересирани граѓанки и граѓани, Фондацијата Фридрих Еберт и ЦИВИЛ го одбележаа Светскиот ден на социјална правда во хотел Сити Парк, со проекција на документарниот филм „Немам ни за леб“ и со дискусија. 

Настанот го отвори Биљана Јордановска, една од авторките на филмот, а на настанот говореа Милан Живковиќ од ФЕС, Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Милан Живковиќ од Фондација „Фридрих Еберт“ изјави: „Овие приказни кои ги напавивме заедно со граѓанките и граѓаните се потврда дека во Македонија нема социјална правда.“ Синиша Станковиќ, меѓу другото, истакна: „Се надевам дека оваа видео проекција ќе ве потикне на поинаков начин да разговараме за социјалната правда.“

Пред присутните новинарки и новинари и публиката, Џабир Дерала уште еднаш ја истакнаа очајната состојба на човековите права и на социјалната правда, како и за жестоките притисоци, дискриминацијата и злоупотребите на социјално ранливите категории на граѓанки и граѓани во изборен контекст.

 


 

За фотографии од настанот, кликнете ТУКА.

 

Print Friendly, PDF & Email