За идентитетите, од сите аспекти, без задршка

ЦИВИЛ ќе ја претстави публикацијата „Губење на идентитетот или…?“ на 19 декември, во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот.

Идентитетот и идентитетските прашања се секогаш актуелни во јавниот, академскиот и политичкиот дискурс во светот. Во Македонија, овие прашања се извор на сериозни политички поделби и тензии, особено по историскиот Преспански договор меѓу Македонија и Грција во јуни 2018 година.

За да фрли светлина на овие прашања од низа различни аспекти, ЦИВИЛ го започна проектот „Губење на идентитетот или…?“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во проектот учествуваа низа звучни имиња од областа на политиката, науката, медиумите и граѓанското општество.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian