Врвни експерти, лидери во граѓанското општество и политичари ќе говорат на #Перспективи2019

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира голема национална конференција #Перспективи2019 на 13 февруари, во Кино Култура, со почеток во 11 часот. Конференцијата ќе ја отвори германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, а како говорнички и говорници ќе учествуваат видни интелектуалци и експерти, лидери во граѓанското општество и високи политичари.

Конференцијата #Перспективи2019 е посветена на македонските општествено-политички и економски перспективи. По воведната сесија, следат сесиите: „Меѓу надежите и реалноста“ (посветена на општествено-политичките процеси и економските прашања) и „Историски завршници и отворање на новите перспективи“ (Евроатлантски интеграциски процеси), додека во четвртата сесија очекуваме коментари и прашања од сите присутни на различни теми.

Изборот на темите и агендата на Конференцијата се направи врз основа на анализите, интервјуата и колумните на голем број носители на одлуки, како и авторки и автори што се дел од медиумската продукција, мониторингот и анализите на ЦИВИЛ во изминатиот период.

Настанот е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English