И советниците на ВМРО-ДПМНЕ против Талески

Битолскиот градоначалникот Владимир Талески, осомничен во случајот „Транспортер“, продолжува да го диктира темпото во Советот на општина Битола и од домашен притвор. 

Во отсуство на Талески, кој веќе три месеци е во притвор, советниците од ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, успеаја да се согласаат околу едно прашање. На вчерашната Седница на Советот, на дневен ред повторно беше Одлуката за јавно-приватно партнерство за уличното осветлување во Битола. Оваа точка последниот пат не помина во Советот, но градоначалникот ја врати на дневен ред.

ФФНФ

Горан Козаров, СДСМ

„Советничката група на СДСМ од почетокот на постапката за јавно-приватно партнерство за уличното осветлување во Битола, која започна во 2012 година, беше против, затоа што целата постапка беше погрешна. Не само тендерската постапка и висината на сумата и начинот на кој другите фирми кои конкурираа беа елиминирани, за да останат само две потенцијални фирми, беа незаконски. Тајноста во која се вршеше целата постапка, беше причина да спроведеме истражување за тоа што се случува. Сумата од 15 милиони евра, времетрањето од 15 години и самиот концепт на јавно-приватното партнерство покажаа дека се работи за голем криминал. Досегашното искуство, со две фирми со кои општината работи по принцип ја јавно-приватно партнерство се покажа многу негативно и сметаме дека и сега ситауцијата ќе биде иста“, вели Горан Козаров, советник во општина Битола од редовите на СДСМ, во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Прашањето со уличното осветлување во Битола ги обедини двете советнички групи. Козаров истакна дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ и покрај почетните несогласувања со СДСМ, на претходната седница на Комисијата за јавни и комунални дејности го променија својот став и се согласија дека не треба да се изгласа одлуката.

„Во јули кога објавив кои се проблемите и дека со големиот број на недоречености оставен е простор за голем криминал, ВМРО-ДПМНЕ беше против и бев обвинет дека лажам и дека уште еднаш СДСМ работи деструктивно и спречува позитивни промени. Но еден месец подоцна, во август,  ВМРО-ДПМНЕ од непознати причини се согласи со нашиот став, но спорд нив криминал нема. Единствена забелешка е застарената визибилити студија. Како студијата пред два месеци не беше застарена, а сега е?“, прашува Козаров. Од СДСМ сметаат дека на овој начин, со неприфаќање на предлог кој доаѓа од градоначалникот Талески, советниците од ВМРО-ДПМНЕ конечно му свртија грб на градоначалникот.

ЦИВИЛ Медиа, не успеа да го добие советникот Илче Димовски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот став на вчерашната седница, беше дека советниците од владејачката партија гласаа против, единствено затоа што физибилити студијата, изготвена во 2012 година, е застарена.

DHD

Илче Димовски, ВМРО-ДПМНЕ

„Согласно законските прописи, долго се одвиваше таа постапка за јавно-приватно партнерство и за завршување на тој тендер што заврши во 2016 година, со извештајот што требаше да го усвоиме на седница на Советот, но не го усвоивме со една единствена причина. Треба да се ревалуира физибилии студијата, и да се види дали треба да се изработи нова или да се променат некои компоненти. Нашиот став е дека во овој момент извештајот не го прифаќаме“, изјави Димовски.

Во однос на ставот на СДСМ, дека на овој начин советниците се спротиставуваат на градоначалникот Талески, Димовски истакна дека секој има право на свој став и дека нема јаз меѓу Советот, ОК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот.

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со Душко Груевски, од „За нас се работи“, како здружение на граѓани кое редовно ја следи работата на Советот на општина Битола.

13938454_1810401565841857_1108401631714715912_n

„Ние претпоставуваме дека советниците почнуваат да се чувствуваат непријатно за одлуките кои ги носеле. Тие имаат одговорност за сите донесени одлуки. Сметаме дека градоначалникот пред СЈО и пред судот ќе се брани со тврдењето дека советниците ги носат одлуките, а тој само ги реализира. Талески си подготвува материјал за вината да ја префрли врз советниците од власта. Тие се свесни дека можат да бидат инволвирани во целиот процес за незаконско работење. Сметаме дека почнуваат да ги гледаат одлуките кои ги носат, а досега ги гласале по автоматизам, затоа што биле предложени од градоначалникот“, е ставот на Груевски од „За нас се работи“.

Откако по втор пат советниците не се согласуваат со одлуката на Талески, за јавно-приватно партнерство со кое треба да се регулира уличното осветлување во Битола, нему му останува да се согласи со нив и или одлуката на советниците да ја достави пред Уставен суд, кој треба да одлучи за законитоста на одлуката на советниците.

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email