ВМРО-ДПМНЕ го одбележа стартот на предизборната кампања со напад кон медиуми и новинари

Медиуми и новинари на мета на владејачката партија

Цивил - Центар за слобода останува на констатацијата околу злоупотребата на младите во изборите. „Јас им верувам на моите набљудувачи, зашто ние функционраме на тој принцип.“ - изјави Џабир Дерала, првиот човек на оваа организација по вчерашниот демант на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на текст објавен во денешниот број на дневниот весник „Слободен печат“. Весникот повикувајќи се на информација добиена од Цивил, со наслов „Деца, дојдете на митинг кај Иванов, ќе пее и Кајмакоски“ извести за манипулацијата на учениците во партиските активности.

01_Layout 1.qxd

Падот на Македонија на 123-тото место во извештајот објавен минатиот месец од Репортери без граници, каде состојбата со слободата на медиумите во нашата држава е оценета како тешка, не го спречи ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со трендот на црна кампања против непослушните новинарски куќи и новинари кои се дрзнуваат да известуваат на теми што не ѝ одат во прилог на владеачката партија.

Цивил, како и досега, во континуитет врши објективен и непристрасен мониторинг на изборниот процес и ја известува јавноста за евидентираните нерегуларности и прекршувања на Изборниот законик. Ваквите „деманти“ кои содржат навреди и дисквалификации на уредници и новинари, како и демонизирање на поединечни организации од невладиниот сектор, единствено може да се сметаат како директен притисок и атак врз слободата на медиумите и слободата на говорот во земјата.

Цивил цврсто стои зад своите извори и ја гарантира нивната анонимност, освен доколку сакаат поинаку. Воедно, ги охрабрува граѓан(к)ите сите информации за злоупотреба, заплашувања, манипулации, притисоци, насилство, кршење на човековите права и слободи, како и нечесни и валкани кампањи кои ќе ги забележат или ќе бидат жртви на истите, да ги пријавуваат на телефонските броеви 02/5209176 и 075/707143 или по пат на електронска пошта на [email protected] и [email protected].

Петар Стојковиќ

Print Friendly, PDF & Email