Булевар на #ШаренатаРеволуција

Уште 8 дена! Одбројуваме до слобода! Груевски на суд! #Одбројувам. Ова се пораките на #ШаренатаРеволуција денеска, која булеварот пред Собранието на Република Македонија го претвори во Булевар на #ШаренатаРеволуција.

boenje pred sobranie 8 dena

Булевар #ШаренатаРеволуција

Неколку илјади демонстранти денеска на Никола Груевски му одбројаа уште еден ден поблиску до ултимативниот рок за исполнување на познатите барања на Шарената револуција.

Бранко Героски: „Tomorrow will be бетер“

Бранко Героски: „Tomorrow will be бетер“

Шарената револуција денеска ја одбележа и тажната вест за смртта на еден од најголемите карикатуристи и критичари на секоја власт, Дарко Марковиќ. Во негова чест се обрати Бранко Героски, основоположникот на некогаш слободарскиот „Дневник“, а сега прв човек на независниот дневен весник „Слободен печат“. Тој потсети на познатиот афоризам на Дар-Мар „Tomorrow will be бетер!“, но ја изрази својата верба дека подоброто утре, слободата, сепак, доаѓа.

Мариглен Демири:

Мариглен Демири: „Истиот орел нѐ колве, истиот лав нѐ черечи“

На собирот се обрати и Мариглен Демири од Левица кој, во својот долг и емотивен говор, побара целосна слобода за сите активисти, по делумната победа извојувана со ослободувањето од притвор на неговите партиски другари Здравко Савески и Владимир Куновски. „Истиот орел нѐ колве, истиот лав нѐ черечи“ - извика Мариглен Демири, повикувајќи на единство на сите заедници и политички опции за борба против фашизмот и сиромаштијата.

gjoko tanaskoski

Ѓоко Танаскоски од СДСМ го поздрави собирот „по охридски“ со зборовите „Немат правда - немат мир!“ Тој ги изнесе барањата на Шарената револуција и повика на единство и бескомпромисна пресметка со ненародниот режим на Груевски, чие „место е в затвор“.

Р.Ц.М.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian