Втор ден протести во Велес

Втор ден протести во Велес. Повеќе од илјада велешани низ улиците во градот извикуваа: “Нема правда, нема мир!”,  “Оставка!”, “Готово е, Никола!”, “Готово е, Илија!”, “Еве ви го народот!”... Протестот започна пред „Авона“ и продолжи кон зградата на Општина Велес. Протестот се одвива мирно без судири со полицијата.

 

13016420_10209468202004682_384854735_o

Од Општината поворката се упати кон кафе-баровите во градот. Се движеа пред новиот театар, па се до плоштадот С'рмаале. Протестот заврши на самиот плоштад, каде уште еднаш се прочитаа барањата, и се закажа повторна средба утре во 18 часот на истото место, на кружниот тек кај „Авона“.

Во Велес, денеска се одржа и контра-протест, кој наликуваше забава со музика, се одржа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, и траеше 30-тина минути. Присутни беа главно партиски функционери и вработени во јавни претпријатија.

Дејан Ристов

 

Print Friendly, PDF & Email