Црната пропаганда против граѓанското општество

Кој организира и спроведува црни кампањи против невладините организации? Зошто? Кои се мотивите да се нападнат невладините организации? Кои се последиците од црната кампања против граѓанското општество? Кој е одговорот?

Тоа се прашањата на кои ќе се обидеме да дадеме одговор на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество“ што ќе се одржи на 7 јули (среда), во хотел Парк Резиденс & Спа (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.

Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а ќе се одржи без публика. Редакциите се добредојдени на настанот или да го преземат видео линкот од преносот во живо.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.

ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish