ЦИВИЛ со интензивни семинари за краткорочните набљудувачи

Викендот ЦИВИЛ одржа 6 интезивни семинари за краткорочните набљудувачи. Во текот на наредните денови ќе одржи онлајн обуки за еден дел од набљудувачите што ќе бидат активни во мониторингот на изборниот процес на денот на гласање.

ЦИВИЛ строго се придржуваше до мерките за заштита од Ковид-19, посветувајќи добар дел од обуките на протоколите за заштита од корона вирусот за време на нивното набљудување.

За овие предвремени парламентарни избори, како долгорочните набљудувачи, така и краткорочните набљудувачи, покрај останатите 15 категории на изборни нерегуларности, ќе се фокусираат и на нерегуларностите во финансирањето на политичките партии во изборната кампања.

Учеството во мониторингот, како и во други активности и семинари на ЦИВИЛ, претставува и можност за подолгорочна соработка во различни проекти и активности.

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

 

Print Friendly, PDF & Email