Нема работа без партиска книшка

Тимот на ЦИВИЛ Медиа разговараше со жител на Охрид кој, како волонтер, работел во Охридската болница. Нашиот соговорник по две години волонтирање не го добил решението за работа. Според него, работата ја добиле тие што поседуваат партиски книшки и биле активни на митинзите за време на избори.

Како млад човек тој не ја гледа перспективата во Охрид. Нашиот соговорник смета дека младите заминуваат, а тие што остануваат освен како келнери, во сезона, нема што друго да работат во Охрид.

„Младите, оние што останаа во Охрид, во есен и зима ништо друго не им останува, туку да бараат пари од мама и тато. Но, проблемот е што ни родителите нема од каде да им дадат! Тешко се живее. Во последно време забележувам дека дел од  младите во Охрид утеха и заработка бараат во криминалот“, изјави нашиот соговорник за Цивил Медиа.

 

Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска
Уредник: Синиша Станковиќ

Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега! Иницијативата ја спроведува ЦИВИЛ - Центар за слобода со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.

Print Friendly, PDF & Email