ЦИВИЛ отвора позиција за проект асистент(к)а

ЦИВИЛ во наредниот период ќе го прошири тимот со еден/една асистент-ка за комуникации и логистика, во Скопје, за секојдневен 6-часовен ангажман на хонорарна основа, 220 евра бруто, со можност за работен ангажман до крајот на годината. Потребни се основни комуникациски и компјутерски вештини и познавање на англискиот, а пожелно и на албанскиот јазик.

Веруваме дека ниските примања ќе бидат компензирани со можност за учење, стекнување со нови вештини и напредување во организацијата.

Потребни се: кратка биографија, не подолга од една страна и мотивациско писмо од само неколку реда (до половина страница) на македонски, албански или англиски јазик.

Аплицирањето се врши исклучиво по електронски пат, на [email protected].

Телефонски јавувања или било какви интервенции не се прифаќаат. Позицијата е отворена до 8 март 2019.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Print Friendly, PDF & Email