Трајанов: Изборите не смеат да го „сокријат“ криминалот!

Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз и претставник на Коалицијата за промени и правда, во своето излагање на конференцијата „Слободни избори 2016“, во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, ги обвини партиските лидери, вклучени во пржинскиот процес, дека обезбедиле доминантно медиумско претставување на нивните четири партии, како и дека биле фаворизирани и при жребувањето, со првите четири места на гласачкото ливче.

„Тоа се апсурди неприфатливи во едно демократско општество! Што сме ние останатите, партии од втора категорија?... Овие избори се – да се биде или не, ќе има промени или не! Никола Груевски и Али Ахмети носат одговорност, зашто се генератори на кризата во Македонија. Но, сите четворица лидери не покажаа демократски капацитет – Македонија да биде една изборна единица, при што паралементот ќе биде одраз на граѓанската волја. Ние 10 години немаме опозиција која има капацитет да ги согледа сите процеси. Можеби опозицијата е зајакната последните две години, со објавувањето на т.н. ‘бомби’. Но, главниот апсурд е тоа што аболицирани носители на високи држави функции се повторно на кандидатските листи, па дури се и носители на листи“, рече Трајанов.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian