Четврти ден на изборната кампања: СДСМ во Гостивар и Тетово, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

На четвртиот ден од почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, закажани за 11-ти декември, политичките партии и коалиции, партиципиенти во овој изборен процес, продолжуваат со митинзи и средби со граѓан(к)ите низ земјата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржи митинзи во општина Аеродром во 17:30 и во општина Карпош во 20 часот.

СДСМ и најголемата опозициона коалиција ќе бидат во Гостивар во 17:30, а во 19 часот во Тетово, каде ќе ги освојуваат симпатиите на гласачите, со презентирање на партиската изборна програма.

Коалицијата за промени и правда ќе се сретне со граѓаните во Кочани во 11 часот и во Прилеп во 14 часот.

ДПА ќе одржи митинг во Вруток со почеток во 19:30, а „Алијансата за Албанците“ во скопската населба „Методија Андонов-Ченто“ во 18 часот.

 

Print Friendly, PDF & Email