Студентите го окупираа Правен: Оставка од Иванов!

Група студенти од Правниот факултет при УКИМ, утрово извршија „окупација“ на амфитеатрите и предавалните. Тие влегуваа насред предавања и со мегафон извикуваа „Дојди и приклучи се!“, барајќи мобилизација на сите студенти и професори и оставка на претседателот Ѓорге Иванов, инаку професор на нивниот факултет.

Според Владимир Делов од Студентскиот пленум, студентите бараат став од професорите и од факултетот, во однос на одлуката на претседателот Иванов со општ акт да помилува 56 лица, главно политичари, поврзани со аферата со прислушкувањето.

„Поради фактот што со општиот акт е урнат целиот правен систем, Правниот факултет не смее да остане нем во однос на настаните. Правниот факултет мора да има став во однос на ова прашање“, изјави Делов за ЦИВИЛ Медиа. На прашањето зошто студентите ја бојкотираат наставата, Делов потенцираше дека тоа се случува со цел студентите да ги „откријат“ ставовите на своите професорите.

praven bojkotira

Незадоволството од одлуката на Иванов вчера искажаа и неговите бивши студенти кои покренаа онлајн-петиција за негова оставка. За неполни 24 часа околу 500 поранешни студенти на Иванов се потпишаа на петицијата, барајќи негова оставка од функцијата претседател на државата.

Синоличка Трпкова професор од ФДУ на својот Фејсбук профил објави декане одржала настава, зашто протестира против приведувањето на студентитена вчерашните протести:

„Утрово не одржав час! Им реков на студентите дека протестирам поради нашите приведени студенти од синоќа! И кога веќе се уклучувам на ФБ после толку време да кажам некој збор! Нема да им се обратам на сите граѓани. Им се обраќам исклучиво на поддржувачите на ДПМНЕ: Дали вие, кои ја сакате оваа наша татковина, повеќе од сите, не гледате дека ДПМНЕ ве злоупотребува под патриотскиот превез, за да се спаси себеси од одговорност?“

 

Print Friendly, PDF & Email