Советот за етика до медиумите: Почитувајте ја Повелбата и Кодексот на новинарите!

Советот на етика во медиумите денеска излезе со соопштение со коe ги повикува новинарите и уредниците да се стремат кон професионално информирање и заштита на професијата, преку исклучиво служење на јавниот интерес и почитување и применување на принципите за професионално известување што се содржани во Повелбата за етичко известување, која ја потпишаа најголем дел од медиумите во Македонија.

Педесеттина реакции и жалби за прекршување на Повелбата и на Кодексот на новинарите во медиумите, а меѓу оние против кои се поднесени жалби, се и медиуми - потписници на Повелбата, пристигнале на адресата на Советот за етика во медиумите.

„Во исто време, сооопштуваме дека процесот на прифаќање и потпишување на Повелбата сé уште е отворен и ги покануваме и оние медиуми кои досега не се приклучија на оваа иницијатива, да го направат тоа во име на потребата од заедничко ангажирање околу создавање независно новинарство во државата“, стои во соопштението на СЕММ.

Од Советот за етика повикуваат на чесно, коректно и одговорно информирање, а не на информирање заведено од изворите на информации и компромитирано од лични интереси:

„Служењето на јавноста не подразбира пласирање полувистини, свесно пропуштање на важни теми и прашања и изнесување лажни тврдења заради морална тортура врз поединци, групи или институции. Едностраното информирање и погрешните информации треба да бидат отстранети, а грешките поправени. “

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian