Солидарност со работниците–мигранти и со бегалците!

Со марш од Владата до Делегацијата на Европската комисија во Скопје (ЕУ Инфо центарот) се одбележа Меѓународниот ден на работниците – мигранти и членовите на нивните семејства.

DSC_0835Граѓански организации, левичарски движења, волонтери, хуманитарни организации и активисти од Република Македонија се приклучија кон основањето на транснационално движење  #STATEOFSOLIDARITY, и маршираа, повикувајќи на солидарност, не само на работниците – мигранти и членовите на нивните семејства туку и на илјадниците гладни, уморни, обесправени и обезличени мигранти – бегалци кои секој ден поминуваат низ нашата земја.

Учесниците на маршот носеа транспаренти со кои повикуваа на отворени и безбедни гранични премини за бегалците, на кои имаа залепено фотографии и цртежи од жртви, како таа на тригодишниот Ајлан Курди кој се удави на Медитеранот и по чија смрт имаше бурни реакции низ целиот свет, но и бројот на загинати бегалци годинава - 3.329 жртви не безумието.

DSC_0919Воедно, од 19 часот во ГЕМ Клубот се организира Јавна дискусија на тема “Правните и хуманите аспекти на темната страна на Балканската рута“, и ќе се прикажува краток документарец со лични приказни направени од луѓе кои минале или минуваат низ Република Македонија, или веќе пристигнале до посакуваната дестинација во некоја од европските држави

Маршот, а и другиот дел од програмата за одбележување на овој ден, беа организирани од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Легис, ЛД Солидарност, Фондација Отворено општество - Македонија, Профицио, ЦИВИЛ – Центар за слобода, граѓанската платформа #Aјде/#Hajde , граѓанската платформа Граѓаните за Македонија, волонтери, активисти...

Емрах Реџепи

 

Print Friendly, PDF & Email