Со молкот на институциите и партиите се охрабрува тероризмот

Цивил – Центар за слобода најостро ја осудува серијата етнички и политички мотивирани напади на семејството Зеќири и бара итна реакција од сите релевантни фактори и институции во земјата. Овие напади се очигледно добро планирани и фокусирани на сеење страв меѓу населението и испраќа порака до сите што се неистомисленици, односно до сите што не ѝ припаѓаат на групата во чие име дејствуваат напаѓачите.

Нападот со бомби и истрели врз домот на семејството Зеќири, имајќи ги предвид околностите и контекстот, се акт на тероризам и како такви треба да се третираат од страна на институциите.

Овие напади уште еднаш покажуваат дека изборното насилство предизвикува пролонгирана ерозија на безбедноста и функционалноста на институциите и нанесува ненадоместлива штета на меѓуетничките односи.

Зачудува отсуството на осуда од институциите и од партиските структури, со што го промовираат принципот на неказнивост за кривичните дела од омраза и охрабруваат понатамошни напади врз политичка или етничка основа.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian