Во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, ЦИВИЛ – Центар за слобода, во сабота 23-ти јануари, организира јавен настан „Сите за слободни избори“ во Гевгелија, од 12:00 часот, на централниот градски плоштад.
ЦИВИЛ Медиа подготви видео-содржини и печатен материјал за настанот во Гевгелија. Сите свесни и слободољубиви граѓанки и граѓани се повикани да ги проследат во живо вестите кои ги нема на програмата на повеќето национални медиуми, строго контролирани од власта.
Покрај вестите и содржините од “Street media” моделот што ЦИВИЛ го спроведува на плоштадите на македонските градови, посетителите во Гевгелија ќе можат да учествуваат и во фото-петицијата за поддршка на слободните избори. А микрофонот е отворен за сите што сакаат да споделат информации и ставови.
Кампањата „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ што го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian