Ќе се урбанизира единствениот парк во Штип, институциите глуви за барањата на штипјани

Локалните и државните институции остануваат глуви на барањата на штипјани, да не се гради приватен хотел, во единствениот парк „8-ми Ноември“, што се наоѓа во урбана штипска населба. Како што не информираше граѓанскиот новинар, Горан Трајков,  граѓаните протестираа од декември минатата година, а нивните барања, петиции, кривични пријави до Основното јавно обвинителство не се земени предвид. Локалната власт не го стави нивното барање ниту на дневен ред .

13871667_1111997925533854_89504573_n

Извор: Граѓански новинар

Горан Трајков, кој е член и на граѓанската иницијатива „Стоп!, за ЦИВИЛ Медиа изјави, „поднесовме две кривични пријави, во декември и јануари и се уште, еве веќе осум месеци нема никаков одговор од Основно јавно обвинителство. Од Министерството за транспорт и врски,соопштија дека документите што им ги испративме се на разгледување,а од Државниот инспекторат и натаму молчат.  Петицијата до Советот, никогаш не беше ставена на дневен ред, зашто како што ни одговорија, 'Советот не е надлежен за тоа'“.

Тој истакнува дека Уставниот суд се смета за ненадлежен затоа што, за ова спорно земјиште има две спротивставени урбанистички решенија, два спротивставени подзаконски акта.

„Се поставува прашањето врз основа на што, Советот на Општина Штип, донел правилник во делот на спорните одредби, а не е ни спроведена постапка за пренамена на конкретните парцели“, објаснува Трајков.

13900892_1111998982200415_1056756586_n

Извор: Граѓански новинар

Во знак на незадолство, штипјани според најавите ќе ги продолажат протестите. Секоја среда со почеток во 20:00 часот ќе блокираат по една улица, се додека не иницираат конкретна активност на надлежните иституции.

Во текстот што ЦИВИЛ – Центар за слобода го објави на почетокот на годинава, може да ја проследите генезата на овој урбанистички проблем во Штип.

Марија Теговска 


civiv-lenses-logo-en-copy-500x414

Оваа содржина се објавува во рамките на јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

 

Print Friendly, PDF & Email