Работат по 12 часа дневно, еден ден месечно слободни

Граѓанка од Битола за ЦИВИЛ Медиа сведочи за условите на работниците по фирмите, за мизерните плати и заминувањето на младите од Битола. Taa вели дека работниците во фирмите во Битола работат за седум илјади денари, по дванаесет часа, а, пак, слободни се само еден ден месечно. Исто така, таа го потенцира проблемот со заминувањето на голем број млади од Битола, кои својата иднина ја гледаат надвор од земјата.

„Дванаесет саати работат, еднаш во месецот слободни. На попис ги вадат минус. Од шест до седум илјади плата земаат. Претежно, перспективата ја гледаат во странство. Многу ситуирани родители продаваат имот само децата да им студираат во странство или на било каков начин да ги тргнат од Битола. Многу лични примери знам и сите деца кои се веќе за студии, родителите ги запишуваат во странство. Дури знам примери и за Латвија. А, пак, Австралија за мажење и женење – тоа ни е веќе како традиција, години наназад. Зошто е тоа така? Затоа што стандардот во Битола е поделен. Тие кои што работат во РЕК живеат доста удобно, но 70 посто од битолчани немаат приходи повеќе од 15 илјади“, вели таа.

Бројот на жители во Битола пред една година беше 100 илјади, а сега 60 илјади.  Ова се должи на лошите можности кои ги нуди Битола како град – ни изјави соговорничката.

Целосната изјава погледнете ја на видео-снимката. Поради заштита на граѓанката, ликот е прикриен, а гласот модулиран.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian