Протестите продолжуваат и денеска, собирно место пред Специјалното обвинителство

Граѓанските иницијативи и активисти и денеска продолжуваат со протестите. Како што информираат од иницијативите на социјалните мрежи, протестот денес ќе започне „традиционално“ во 18 часот.

20160414_193636 - Copy

Скопје, 14 април 2016

Како појдовна точка е определена локацијата пред просториите на Специјалното јавно обвинителство, во близина на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу во центарот на Скопје. Потоа, собраните граѓанки и граѓани ќе се упатат кон Собранието на РМ.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian